Адама Траоре и официјалное нов член на Барселона и еден од најбрзите и најсилни фудбалери на планетата ќе биде големо засилување за шпанскиот гигант.
Барселона и официјално на својата интернет страница го претстави Траоре како нов играч на клубот.
Барселона го позајми играчот на Вулверхемптон до јуни годинава, а постои клаузула според која Каталонците можат а го откупат неговиот договор од Волците за сума од околу 30 милиони фунти.
Шпанскиот репрезентативец сега практично се враќа во клубот каде беше како член на познатата Ла Масија од 2004 до 2013 година, а потоа во следните две години најчесто играше за Барселона Б.
Траоре има само еден настап за А тимот на Барселона и тоа како резерва против Ајакс во Лигата на шампионите во 2013 година.
Барса подготвува и официјална промоција на Траоре за втори февруари, но таа ќе биде зад затворени врати.