Веќе нема дилеми дека Езџан Алиоски својата клупска кариера ќе ја продолжи во саудискиот тим Ал Ахли од Џеда. Тренер на Ал Ахли е Косовецот Бесник Хаси, а летово клубот се засили со Бразилецот Паулињо.
Алиоски ја прифати финансиската понуда на Саудијците, па Премиерлигата и Лидс ги замени за Ал Ахли. Интерес за Алиоски имаше и од турски клубови, но тие комбинации пропаднаа. Сега се чека само потпис и официјализација на трансферот. Алиоски кој има 29 години, во Ал Ахли ќе заработи 5 милиони евра за две години, а солиден дел од тие пари ќе доби и неговиот менаџер.