Готово е, Лидс и Барнли се нови англиски премиерлигаши!

Победата на Барнли од 2-1 против Шефилд јунајтед вечерва, и дефинитивно значи дека Барнли и Лидс како две најдобри екипи од Чемпионшип влегуваат во Премиер лигата и следната сезона ќе бидат дел од англиската елита.

На Шефилд му требаше победа за да ги задржи шансите за директен влез во Премиер лигата, а Лидс чекаше нивен пораз или реми против Барнли за да го почне славјето.

Барнли експресно се враќа во Премиер лигата од која испадна минатата сезона, додека Лидс две сезони играше во втора лига откако испадна во сезоната 2022/2023.

Во Чемпионшип треба да се одиграат уште две кола во кои ќе се знае кои четири тима ќе разигруваат во плејофот за влез во Премиер лигата. Шефилд јунајтед и Сандерленд се сигурни, се чекаат другите два учесника во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести