3.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Гоце Седлоски денеска ќе биде избран за нов селектор на Македонија

Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија денеска треба да има седница на која ќе биде потврдено дека Гоце Седлоски ќе биде избран за нов селектор на македонската сениорска репрезентација.

Фудбалската селекција остана без предводник од клупата откако заврши договорот на Благоја Милевски, а челниците на ФФМ решија дека е потребно да има промена на селекторската функција.

Седлоски повеќе од една година е тренер во Вардар, клуб со којшто има одлични резултати. Во минатата сезона Седлоски го одведе Вардар до титулата во Купот на Македонија, за првпат по 18 години, а во тековната сезона Црвено-црните се лидери на табелата и единствени без ниту еден пораз во првенството.

Новиот селектор на Македонија веднаш ќе има огромен предизвик затоа што во март претстои бараж-дуелот против Данска во Копенхаген за пласман на Светското пренство во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести