Барселона останува најдобар тим во кошаркарската Евролига откако синоќа стигнаа до 15-та победа во 17-тото коло. Каталонскиот гигант се намачи, но на крајот, дури по петминутно продолжение славеше над Уникс Казан.
Во средината на третата четвртина Барселона губеше со 20 разлика (71:51), а тренерот на домаќините Шарунас Јасикевичиус на еден тајмаут најпрво им оддржа еден говор на своите кошаркари, а потоа продолжи со тактичките замисли за мечот.
„Овде сум за да ви помогнам. Ако не сакате да играте, јас ќе си седнам. Ќе ви честитам Божиќ кој сега ќе дојде, но ова е срамотна подготовка за празникот“, рече легендарниот Литванец на тајмаутот.
Барселона и во последната четвртина губеше со 20 разлика (77:57), но со чудесна игра успеаја да стигнат до 94:94 по 40 минути игра, а во дополнителните пет минути и да победат.