Тренерот на Црвена ѕвезда, Дејан Станковиќ, им одржа вистинска лекција по ферплеј и џентлменско однесување на своите фудбалери после победата во купот на Србија против Партизан. Дел од играчите на Ѕвезда претераа со провокациите и срамните гестови кон ривалите, па Станковиќ мораше да им каже како да се однесуваат.
„Момци, ве молам, бидете господа и кога се радувате. Затворете ја устата, примете ги медалите, пуштете музика внатре. Тишина. ОК? Луѓе сме“ – им порача популарниот Деки на своите пулени кои уште беа со вжештени глави.
Говорот на Станковиќ може почнува на 5,35 минути од видеото: