Срамно однесување на играч на Ѕвезда, се соблече пред голманот на Партизан и симулираше секс (Видео)

Фудбалерите на Црвена ѕвезда откако го победија Партизан на пенали во финалето на српскиот куп, се затрчаа кон голманот Милан Борјан да ја прослават победата и двојната круна, но во таа еуфорија, Марко Гобељиќ направи еден скандалозен потег кој беше снимен и со кој предизвика големо внимание во медиумите.

Тој се одвои од групата која трчаше кој Борјан и застана пред голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ, ги спушти ѓаќичките, симулираше секс, и потоа продолжи кон групата каде се создаде мешаница и имаше тензии. Стојковиќ кој е поранешен голман на Ѕвезда, пред финалето изјави дека ако Партизан загуби, тој ќе ја преземе одговорноста, и се понуди него да го „силуваат“. Гобељиќ очигледно дека одвај чекаше неговиот тим да победи, па „му се понуди“ на Стојковиќ за она што го кажа ден порано, што беше срамно и крајно неспортски.

- Оглас -

Најнови вести