Грабеж како од филмовите: Отиде сефот на ексиграчот на Партизан (Видео)

Александар Давидов, поранешниот фудбалер на Партизан, доживеа непријатност откако цел на крадците беше неговата менувачница во градчето Бач. Грабежот се случил за време на полицискиот час во Србија.

Како во акционите филмови, крадците со автомобилот во рикверц го искрши излогот на менувачницата, а потоа го украде сефот. Целата ситуација е снимена на видеокамера, а полицијата брзо реагирала и ги уапсила крадците.

„За неверување е дека вакво нешто се случува во време кога има вистинска борба за секој човечки живот. Грабежот се случил во 5 часот наутро, а кога телефонот ми зазвони, не ми беше баш пријатно. За среќа, полицијата брзо ги фати крадците, кои не ни успеале да го отворат сефот. Еден од нив е од Бач, тоа е мало место. Не можам да верувам дека луѓето прават вакви работи за време на вонредна ситуација“, вели Давидов.

 

- Оглас -

Најнови вести