Градоначалникот на Дебрецин доби македонски дрес

Македонските навивачи секогаш биле посакувани гости каде и да се појават, па така е и во Дебрецин. Уште пред започнување на Европското првенство во овој унгарски град, градоначалникот на Дебрецин, Ласло Пап, доби македонски дрес како сувенир.

Познатиот македонски навивач Горан Кипријановски, кој е вистински спортски амбасадор на Македонија, имаше средба со градоначалникот Пап и му подари дрес, но и некои други сувенири и брошури за подобро запознавање на нашата земја.

 

- Оглас -

Најнови вести