Кошаркарската репрезентација на Македонија под светлото на рефлекторите во реновираниот „Градски парк“ во Скопје и под палката на новиот селектор Хосеп Марија Берокал, се подготвува за дуелот со Луксембург в петок од 18 часот.

Салата делува поубаво во споредба со тоа што беше до пред реновирањето, блеска како што доликува на објект кој пет и пол децении се нарекуваше кошаркарски храм.

Селекторот Берокал денеска и утре добро ќе се запознае со можностите на играчите, а в среда ќе го скрати списокот на 12 играчи кои ќе играат в петок на првиот меч во „Градски парк“ по реновирањето.


