Градскиот ривал му покажа на Јувентус дека е далеку од титулата

Јувентус на свој терен се намачи и на крајот не успеа да го победи градскиот ривал Торино, во меч од 26. коло во Серија А. Старата дама брзо поведе со голот на Матијс де Лихт во 13 минута, но домаќините тогаш како и да застанаа.

Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти во 62 минута погоди за Торино и израмни на 1:1. Гостите не само што израмнија, туку ако се гледа статистиката беа и подобар тим. Торино имаше 55 отсто посед на топка, гостите имаа два корнери повеќе, а по бројот на упатени шутеви, двата тима беа израмнети.

Јувентус по овој кикс сега има 47 бодови од 46 бодови, што е далеку помалку од лидерот Милан кој има 55 бодови и меч помалку, додека Интер има 54 бодови и два меча за доигрување.

- Оглас -

Најнови вести