Стадионот „Сан Сиро“ во Милано ќе биде речиси целосно срушен. Ова беше одлучено синоќа со гласање 24 за и 20 против на седница на Градскиот совет на Милано.
Одлучено е да се продаде стадионот на кој како домаќини играат Интер и Милан, по што на местото на сегашниот паркинг ќе биде изграден нов помодерен и пофункционален објект на кој би се играле натпревари од Европското првенство во 2032 година.
Продажбата сè уште не е финализирана, но ќе биде наскоро, освен ако нема поголеми изненадувања од банките во следните 40 дена.
Работата на новиот стадион, кој ќе се гради на паркингот на сегашниот „Сан Сиро“, е планирана да започне во првата половина на 2027 година, а новиот стадион ќе биде отворен во 2031 година, по четири години изградба. Милан и Интер ќе продолжат да играат на сегашниот стадион.
„Сан Сиро“ нема веднаш да биде урнат, на него би се одржувале концерти и други активности, а потоа, помеѓу 2031 и 2032 година, би бил демонтиран, 90% урнат, со исклучок на југоисточниот агол, вклучувајќи ја едната кула и дел од таканаречената Портокалова трибина.