Градското дерби без победник, Пандевци конечно се израдуваа

Вардар ја доби 12-тата национална титула освоена минатата сезона, меѓутоа составот на Александар Васоски не го разубави крунисувањето со триумф во градското дерби против Работнички. Старите ривали ремизираа на „Тодор Проески“ арената при конечни 1-1, по што врзаа две меѓусебни средби во кои не се издвои победник.

Мицевски во 59-тата минута ја затресе мрежата на Романтичарите, кои пак потоа притиснаа за анулирање на резултатот и им успеа преку Станковски во 76-тата минута, кој го постави конечниот резултат.

Во меѓувреме, Академија Пандев по три последователни порази конечно се израдува и освои три бода. Пандевци славеа со минимални 1-0 против Струга Трим Лум по голот на Kрстовски во 85-тата минута.

Maкедонија ЃП со конечни 2-1 беше подобра од Беласица.

 

- Оглас -

Најнови вести