Еспањол и Барселона вечерва од 21 часот ќе го играат градското дерби во тоа традиционално доминира далеку поголемиот и потрофеен клуб, но секако ќе има тензии предизвикани од трансферот на голманот Гарсија од Еспањол во Барса и провокациите на Пере Милја и Ламин Јамал преку социјалните мрежи.
Јамал во минатата сезона имаше гол и асистенција во победата на Барселона од 2-0 на гостувањето кај Еспањол. Барса речиси 20 години нема пораз на гости кај Еспањол, не знаат за пораз на „Корнелја“ каде Еспањол игра ако домаќин од 2009 година.
Барселона е најефикасниот тим во Европа, и речиси е сигурно дека гол ќе постигне некој од петорката Левандовски, Феран Торес, Рафиња, Јамал, Рашфорд.
Ќе биде напнато, не е исклучено да има пенал или црвен картон, опции за кои истотака има многу убави квоти. Тука се игрите и на корнери, фаули, картони, офсајди, шутеви, итн.


