Манчестер сити и Борусија Дортмунд водат преговори за евентуален трансфер на Оскар Боб од англискиот во германскиот клуб. Според англиски извори, на маса е модел според кој фудбалерот најпрво би пристигнал како позајмен играч, со опција за откуп во износ од околу 30 милиони фунти.
Крилниот напаѓач е дел од академијата на Сити уште од својата 16-та година, но досега не успеа да се наметне во првиот тим. Дополнително, Граѓаните ќе мора да продадат некој од офанзивците бидејќи се чини дека се сигурни во намерата да го ангажираат Антоан Семењо од Борнмут, а двајцата настапуваат на слични позиции.
Оскар Боб, кој е репрезентативец на Норвешка, вкупно има 162 настапи со 34 постигнати голови и 37 асистенции за различните селекции на клубот од Манчестер.

