Граѓаните можат да почнат да го ладат шампањот, Арсенал шокиран од хитот во Премиер лигата (Видео)

Манчестер сити се наоѓа пред освојување на нова титула во Премиер лигата, откако најголемиот конкурент во битката за трофејот, Арсенал доживеа пораз пред своите гледачи.

Само неколку часа откако Граѓаните со 3:0 славеа против Евертон, добри вести им дојдоа од Лондон каде Брајтон со 3:0 го совлада Арсенал и тоа како гостин во рамки на 36-то коло во Премиер лигата.

Арсенал по поразот од градскиот ривал, остана на 81 освоен бод, додека Манчестер сити има четири повеќе, но и натпревар помалку.

Брајтон кој е вистински хит во Премиер лигата, со победата го прескокна Тотенхем на табелата и се искачи на шестото место со 58 бода, еден повеќе од Петлите и Астон Вила. Голот на Хулио Енцисо постигнат во 51-та минута може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Во финишот, Брајтон постигна уште два гола, преку Ундар и Еступињањ. Голот на Ундав може да го видите ТУКА. Третиот гол на Брајтон може да го видите на овој ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести