„Граѓаните“ не се главни ни во својот град, а камоли во Англија

Манчестер сити не најде начин како да го пробие одбранбениот ѕид на Јунајтед, и после поразот од 1-2 на својот „Етихад“, актуелниот првак на Премиерлигата се наоѓа на огромни 14 бодови застанување зад Ливерпул, кој ита кон својата прва титула после 30 години.

Се покажа дека во градските дербија нема фаворити, „црвените ѓаволи“ откако освоија бод против Ливерпул, сега лапнаа три против Сити. За менаџерот Оле Гунар Солскјер, ова е прва победа на гости кај Сити. Како играч, тој не успеа да победи во градското дерби кога беше во улога на гостин.

Уште по првите 45 минути по кои гостите водеа со 2-0, се знаеше исходот. Јунајтед во премиерлигашки мечеви на кои водел со два гола разлика на полувреме, никогаш нема загубено, а Сити никогаш не победил после 0-2 на пауза. За Сити, ова беше првпат после пет години да губат дома со два гола разлика и тоа психолошки ги уби.

- Оглас -

Најнови вести