Граѓаните сакаат да им го украдат планираното засилување на Кралевите, веќе доставиле понуда до Баерн

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, издејствувал кај управата во последниот ден од зимскиот преоден рок да се обиде да го ангажира дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис.

Според шпанските медиуми, Манчестер сити на Баерн му нуди 80 милиони евра отштета за Дејвис.

Наводно, ако Манчестер сити не успее вечерва да го реализира трансферот на Дејвис, тогаш налето повторно ќе тргне по потписот со Дејвис.

Овој потег на Сити сигурно нема да му се допадне на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, бидејќи тој планираше налето да тргне во офанзива по потписот со Дејвис, но нема намера да плати повеќе од 50 милиони евра отштета.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести