Гранде Пандев наместен на скриена камера: Каква Индија, ќе си пукам во уста ако одам таму (видео)

Горан Пандев, капитенот на македонската фудбалска репрезентација и членот на Џенова, беше добро наместен на скриена камера во обидот на неговите соиграчи и агентот Леонардо Корси дека е продаден во Индија.

Шегата почна уште кога Пандев влезе во автомобилот на тимскиот колега Бираски, по што се упатија во домот на капитенот Доменико Кришито на тимска вечера. За време на вечерата, Пандев доби повик од Корси во кој му кажаа дека сопственикот на Џенова го продал во Индија, поточно во тимот на Ченајин.

Гоче не можеше да поверува и одговори: „Ма, каква Индија, попрво ќе си пукам во уста!“

Сцената беше доста убедлива со оглед на тоа дека на Пандев му беа понудени и суми на заработка, наводно за три години би инкасирал неверојатни 72 милиони евра. Но, вистинскиот момент на шегата беше кога група на навивачи на Џенова организирани од шегаџиите се појавија пред домот на Кришито со транспарент „Пандев предавник“, по што Горан мораше да се соочи со нив и да се правда дека трансферот не постои.

Целото видео можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести