Грчка сензација го елиминираше шампионот Федерер од Австралија Опен

Гркот Стефанос Циципас го приреди најголемото изненадување на досегашниот дел од Австралија Опен, откако со 3:1 во сетови го елиминираше Роџер Федерер, во меч од осминафиналето. Циципас кој има само 20 години, успеа да слави, иако го загуби првиот сет. Федерер поведе со 7:6, но тоа беше најаван на една тешка борба, на која на крајот младоста победи.

Циципас го доби вториот сет во тај-брејк, во третиот беше подобар со 7:5, а на крајот, во четвриот сет, повторно во тај-брејк беше подобар од Федерер. Швајцарецот кој има 37 години, едноставно физички не беше на нивото на победникот, па веќе е јасно дека во Мелбурн ќе има нов шампион.

„Јас сум најсреќниот човек во светот. Верував во моите можности и дека можам да победам. Роџер е легенда на овој спорт и имам големо почитување кон него. Толку многу години игра на врвно ниво. Го гледам од мојата шеста година и сон ми беше дури и да одиграм меч против него“, рече Циципас по историската победа над Федерер.

- Оглас -

Најнови вести