28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Гремио по трети пат во историјата испадна од бразилската Серија А, Даглас Коста се скара со фановите (Видео)

Големиот Гремио, клубот за кој во минатото играа и Роналдињо, Жардел, Емерсон, Артур, и други ѕвезди на бразилскиот фудбал, а пред само четири години, во 2017 беше првак на Копа Либертадорес, испадна од бразилската Серија А.

За клубот од Порто Алегре, ова е само трети пат во историјата после 1991 и 2004, да испадне од прва лига.

Гремио рамо утрово го победи новиот првак Атлетико Минеиро со 4-3, но тоа не беше доволно за опстанок, бидејќи не зависеа сами од себе. Клубот им се извини на својот милиони навивачи, и најави промени. Фановите би сакале прва промена да биде бркање на Даглас Коста.

Четвртиот гол го даде екс играчот на Јувентус и Баерн, Даглас Коста, кој беше во центарот на вниманието деновиве бидејќи имаше закажано свадба (се венчаше летоска, а веселбата требаше да биде денеска, но мораше да ја откаже), но клубот не му дозволи да присуствува на веселбата поради овој меч за кој беше сменет терминот.

 

- Оглас -

Најнови вести