Барселона по 43-ти пат го освои трофејот „Жоан Гампер“ во своето 55-то учество во пријателскиот куп организиран од самиот клуб. Каталонците славеа со минимални 1-0 против Елче, а погодокот го постигна Антоан Гриезман уште во втората минута од средбата на „Камп ноу“.
Барселона продолжи со доминацијата во пријателскиот турнир освојувајќи го пехарот по осми пат во низа, серијата трае од 2013 година.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1307365811842101249