Барселона предводена од Антоан Гриезман славеше на гостувањето кај Вилјареал со 2-1, резултат кој беше поставен уште во првите 35 минути од натпреварот во 32-то коло во Ла Лига. Каталонците од окромври 2007 година не знаат за пораз на гостување кај Вилјареал.
Жолтата подморница доста уверливо ѝ парираше на Барселона во првиот дел, па така стигна водството во 26-тата минута кое го донесе Чуквуезе кој искусно го совлада Тер Штеген.
Погодоците можете да ги видите на следниот ЛИНК.
Сепак, радоста за домаќините траеше кратко, по само 120 секунди Гриезман израмни, а неколку минути подоцна профитираше од кардиналната грешка на домашната одбрана. Гриезман пресече додавање кон голманот Асењо и го запиша својот втор гол за 2-1 во 35-тата минута, кој на крајот се испостави дека е решавачки на „Керамика“ стадионот. Речиси половина час Вилјареал играше со 10 играчи по исклучувањето на Тигеирос, па гостите немаа проблеми да ја сочуваат предноста.
Каталонците со победата се израмнија со Реал на второто место со по 71 бод, два помалку од лидерот Атлетико, но имаат и меч помалку со кој може уште повеќе да ја направи драматична шампионската трка.