Грифин ќе носи дрес со број кој досега никој во историјата на Селтикс не го носел

Блејк Грифин потпиша едногодишен договор и во претстојната сезона во НБА-лигата ќе игра за Бостон селтикс, а крилниот центар одбра да носи дрес со бројот 91 на грбот.

Со овој потег, првиот пик на драфтот во 2009 година станува прв кошаркар во историјата на Селтикс со овој број и ќе му оддаде чест на Денис Родман, кој му бил инспирација при изборот.

Досега ниту еден член во богатата историја на Бостон селтикс не носел дрес со бројот 91, а Грифин е само петтиот во историјата на НБА што ќе има дрес со бројот 91. Пред него 91 имале само уште Миндаугас Кузминскас, Деивидас Сирвидис, Мета Ворлд Пис (Рон Артест) и Денис Родман.

Родман, кој по неколку турбулентни сезони во Сан Антонио спарс, премина во Чикаго булс и со своите скокови и играта во одбрана даде голем придонес во освојувањето на три титули по ред, носејќи го дресот со бројот 91. Грифин ќе биде резерва во Селтикс, но може да придонесе со поени и скокови.

Грифин во НБА-кариерата ги има носено броевите 32 во ЛА клиперс, 23 во Детроит пистонс и 2 во Бруклин нетс.

- Оглас -

Најнови вести