-2.2 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Грип го „легна“ Дембеле, нема да патува со ПСЖ на мечот против Атлетик Билбао

Добитникот на „Златната топка“, Осман Дембеле, ќе го пропушти гостувањето на Пари Сен Жермен кај Атлетик Билбао во Лигата на шампионите. Натпреварот од шестото коло од елитното европско натпреварување ќе се одигра в среда.


Францускиот репрезентативец е болeн од грип и не учествуваше на денешниот тренинг на својот тим.

Малку е веројатно тој да патува со соиграчите во Шпанија, бидејќи постои ризик да ги зарази повеќето од нив.

Дембеле неодамна закрепна од повреда, поради што во последниот месец има одиграно само околу 50 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести