19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Гризман станува рекордер на Ла Лига, го надминува Меси

Антоан Гризман ќе биде стартер кај Атлетико Мадрид на дуелот со Еспањол кој почнува од 16.15 часот и тоа значи дека Французинот ќе го има 521-виот настап во шпанската лига и со тоа ќе стане рекордер меѓу странците.

Лионел Меси сега паѓа на второ место со 520 меча. Севкупно ако се сметаат и домашните играчи, Гризман е деветти на вечната листа, на првите осум места се Шпанци, рекордери се Андони Зубизарета и Хоакин Санчес со по 622 меча во Ла Лига.

Иако е најдолговечен странец во шпанската лига и играл за три различни клубови, Гризман уште нема освоено титула.

- Оглас -

Најнови вести