Гризман вечерва направи нешто што не му успеало на ниту еден друг играч во историјата на Атлетико

Антоан Гризман вечерва против Селта во Виго со хет-трик му донесе победа на Атлетико Мадрид од 3-0 и стана првиот фудбалер во историјата на Јорганџиите кој дал три гола во гостинска победа од 3-0.

Со трите погодоци вечерва, популарниот Гризи дојде на 11 гола од рекордот на Луис Арагонес по број на погодоци во дресот на Атлетико.

Ако се гледа само календарската 2023 година, Атлетико во моментов е тим со најмногу освоени бодови во шпанската лига. Инаку, седум години се немаше случено на „Балаидос“ некој гостински играч да даде три гола, па Гризман ја прекина и таа низа.

- Оглас -

Најнови вести