ГРК Охрид промовираше уште едно големо засилување за следната сезона

ГРК Охрид продолжува амбициозно да го гради својот тим за следната сезона, а најновото засилување доаѓа од Бундеслигата. По доаѓањето на тренерот Борис Ројевиќ и десниот бек Предраг Вејин, клубот денеска го претстави и словенечкиот среден бек Тилен Стрмљан.

Стрмљан пристигнува од Хановер и потпиша договор на две сезони, што значи дека ќе остане во Охрид најмалку до 2027 година. Својата интернационална кариера ја започна токму во германскиот тим, а претходно настапуваше за Целје, Рико Рибница, Херц Шмартно и Рудар. Со Целје играше и во Лигата на шампионите, каде што во сезоната 2022/23 постигна 53 гола.

Со оваа аквизиција, Охрид јасно покажува дека има сериозни амбиции – не само во домашното првенство, туку и на меѓународната сцена. Клубот продолжува да создава конкурентен состав со кој ќе атакува на трофеи и ќе се обиде да остави посериозен белег во европските натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести