Грција е чист „кец“ со хендикеп против Нов Зеланд, Турција е фаворит против Чешка

Нов ден на Светското кошаркарско првенство во Кина и нови осум мечеви на понудата на Sport Life обложувалниците. Два дуели директно треба да решат за патниците во следната фаза. Грција веќе има еден кикс по поразот од Бразил и денеска не смее да си дозволи пораз од Нов Зеланд.

Реално, има разлика во класа на двете селекции, па Грција на теренот треба да докаже зошто и пред почеток на шампионатот беше во горниот дел од табелата за висок пласман. Овие две селекции низ историјата играле само двапати и интересно е што во двата случаи Грција победила со по 30 поени разлика. Овојпат доволно е да биде 16 разлика за да биде „кец“ со хендикеп.

Вториот меч кој директно решава за патникот во следната фаза е Турција – Чешка. Турците може да жалат што во второто коло не приредија сензација против САД. Тие го имаа триумфот во своите раце, но едноставно сами го испуштија, па на крајот, дури по продолжение од пет минути, загубија со еден поен разлика. Чешка е многу послаба од САД, па Турција ако одигра исто како против Американците, нема да има дилема за тоа кој ќе го освои второто место во групата.

Ќе биде интересно и на мечот Литванија – Австралија, кој ќе реши за првото место во групата Х. Возбудувањата на СП во Кина започнуваат во 9:30 часот, а последните мечеви стартуваат во 14:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести