19.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Грција или Турција ќе игра финале на Евробаскетот

По пауза од 16 години, Грција повторно ќе игра полуфинале на Европско првенство во кошарка.

Во четвртфиналето во летонската престолнина Рига, Литванците имаа огромна поддршка од трибините, но тоа не беше доволно за триумф над тимот предводен од Јанис Адетокумбо кој даде 29 поени, што е за еден поен помалку од неговиот просек на ова ЕП. Грците рутински славеа со 87-76 и ќе играат во полуфиналето против Турција.

Другиот полуфинален пар ќе се одреди утре по четвртфиналињата Финска – Грузија и Германнија – Словенија.

 

- Оглас -

Најнови вести