Грчките власти не дозволи влез на нејзина територија на 40-тина лица од Косово кои беа во експедицијата која требаше да пристине во Лимасол на Кипар за настап на Медитеранско првенство за кадети во карате, па тие се вратени во Македонија.
Иако каратистите од Косово имале визи, и другата потребна документација, Грците не им дозволиле влез, па така тие најверојатно нема да учествуваат на настанот. Инаку, Грција не ја признава независноста на Косово.