28.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Грција пресилна, ЕП е недостижно за македонските одбојкарки

Желбите се едно, реалноста друго за женската одбојкарска репрезентација на Македнија која вечерва во „Борис Трајковски“ беше убедливо надиграна од Грција во дуел од квалификациите за Европското првенство.

Во првиот сет македонските одбојкарки освоија само 8, а во вториот 11 поени. Конечно во третиот кој беше убедливо најнеизвесен, Македонија заигра добро, проработе и блокот, водевме со 17-12, но Грција со огромна серија направи пресврт, го зеде сетот со 25-19 и победи со конечни 3-0 во сетови.

После три кола, Македонија уште нема освоено ниту еден сет, па последниот меч со Австрија не може многу да смени. Со победата вечерва, нашиот јужен сосед обезбеди место на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести