Грците ги заклучија трибините, два месеца ќе се игра без публика

Владата на Грција одлучи во следните два месеца, до 12 февруари 2024, сите фудбалски натпревари во земјата да се играат без присуство на публика, а ќе нема публика и на некои од мечевите од европските купови.

Причина за ваквата одлука е инцидентот на одбојкарски меч во Атина, кога тешко беше повреден полицаец и заврши во кома.

Публика нема да смее да има ни на второлигашки мечеви, на коишто играат вторите тимови на ПАОК, АЕК, Олимпијакос и Панатинаикос.

Прв меч без публика ќе биде оној на Олимпијакос и ТСЦ Бачка Топола од Лигата на Европа кој се игра в четврток. За дуелите Панатинаикос – Макаби Хаифа и ПАОК – Хелсинки дозволено е присуство на публика.

Претходно, и фудбалските судии најавија бојкот на мечевите од грчката Суперлига бидејќи не се чувствуваат безбедни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести