Груби Африканци или престроги судии, шест црвени картони на пет осминафиналиња!

Африканскиот куп на нациите полека се претвора во Африкански куп на црвени картони. На досегашните пет осминафинални дуели, покажани се дури шест црвени картони. Нема меч од нокаут-фазата во кој не е исклучен некој фудбалер.

По првото полувреме на дуелот помеѓу Сенегал и Зеленортски Острови (Капе Верде) резултатот е 0-0, а од 20-тата минута фаворитот Сенегал има човек плус на теренот. Но, и по исклучувањето на Андраде, кое беше со помош на ВАР-технологијата, Сенегал не успева целосно да доминира и да создаде поголем број шанси за гол.

Најубавата шанса ја имаше Садио Мане уште во првата минута, кога ја погоди стативата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести