Дури седуммина фудбалери на Грузија и по двајца македонски и бугарски репрезентативци го сочинуваат дримтимот во нашата група од Сегментот Ц во Лигата на нации во изборот на специјализираниот фудбалски сајт за статистка „WhoScored.com“.
Енис Барди и Дарко Чурлинов се најдоа во идеалниот тим заедно со дури седуммина Грузијци и двајца бугарски репрезентативци.
Игррачите на Грузија доминираат очекувано бидејќи на убедлив начин со 16 бода, 7 повеќе од Бугарија, и дури 9 од нас го освоија првото место во четвртата група од Сегментот Ц и се пласираа во повисок ранг на натпревари.
Идеалниот состав изгледа вака во формација 4-4-2: