Патот за ЕП 2024 може да биде и лесен и невозможен – За Македонија топ е група со Полска, Финска, Ерменија, Гибралтар и Сан Марино, не ја сакаме групата на смртта со Шпанија, Франција, Украина, Словачка… (Фото)

Македонија ќе биде во четвртиот од вкупно шест шешири за ждрепката на квалификациските групи за Европското првенство во 2024 година, а противниците ќе ги дознаеме на 9 октомври.

Со нас во истиот шешир се и Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарски Oстрови, што значи дека овие 9 репрезентации не можат да ни бидат противници.

Организаторот на шампионатот, Германија, има загарантирано место на ЕП, а и шампионите од А, Б и Ц сегментот во Лигата на нациите ќе играат на првенството, но тие турнири допрва треба да се одржат, а се закажани за во март 2024 година.

Според првичниот изглед на шеширите, веројатно најлесна група за Македонија би била со Полска од првиот шешир, со Финска од вториот, со Ерменија од третиот и со аутсајдерите Гибралтар и Сан Марино од последните два шешири.

Тоа би изгледало вака:

Полска

Финска

Ерменија

МАКЕДОНИЈА

Гибралтар

Сан Марино

Можна е и група што би била многу интересна, во состав од репрезентации од поранешна Југославија.

Таа варијанта би изгледала вака:

Хрватска

БиХ/Србија

Словенија/Црна Гора

МАКЕДОНИЈА

Гибралтар/Малта

Најтешката можна група би била во овој состав:

Шпанија/Италија/Белгија/Португалија

Франција/Англија

Украина/Норвешка

МАКЕДОНИЈА

Словачка

Андора

Варијанти има многу, а двете првопласирани селекции од сите 10 групи ќе играат на ЕП во 2024 година, заедно со домаќинот Германија и трите шампиони од А, Б и Ц сегментот во Лигата на нациите.

Еве го и изгледот на сите шест шешири за ждрепката на 9 октомври, во 18 часот ,во „Фестхале Егзибишн центар“ во Франкфурт.

Еве ги и термините за одржување на квалификациите за ЕП 2024, датумите за плејофот со по 4 селекции во Лигата на нациите од А, Б и Ц сегментот и кога ќе се одржи шампионатот.

Термини за квалификациски натпревари

23-25/03/2023 натпревар 1
26-28/03/2023 натпревар 2
16-17/06/2023 натпревар 3
19-20/06/2023 натпревар 4
07-09/09/2023 натпревар 5
10-12/09/2023 натпревар 6
12-14/10/2023 натпревар 7
15-17/10/2023 натпревар 8
16-18/11/2023 натпревар 9
19-21/11/2023 натпревар 10

Термини за плеј-оф натпревари

21/03/2024 полуфинале
26/03/2024 финале

Датуми на завршниот турнир
14/06/2024 отворање на UEFA EURO 2024
14/07/2024 финале на UEFA EURO 2024

- Оглас -

Најнови вести