Гвардиола блеска од среќа: Ова е еден од најдобрите натпревари откако сум во Сити

Фудбалерите на Манчестер сити во дербито на 29-то коло во Премиер лигата со убедливи 4:1 го совладаа Ливерпул, а презадоволен од резултатот и играта беше менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола.

Тој по мечот изјави дека неговите фудбалери одиграле перфектен натпревар, иако на теренот го немаше најдобриот стрелец Ерлинг Халанд.

„Одигравме перфектно од првата до 93-та минута. Иако примивме гол, одигравме многу добро. Ливерпул секогаш се опасен преку контранападите, но ние бевме фантастични. Ова е еден од најдобрите натпревари откако сум на клупата на Сити. Моите играчи знаеја дека дека не играат лошо иако први примивме гол. Бевме во негатива, но продолживме да играме на идентичен начин, а имавме среќа при постигнување на вториот гол. Потоа бевме стабилни“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести