Гвардиола доби поддршка од Анчелоти во битката против лудата идеја на УЕФА и ФИФА

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, има идентично мислење како и менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, околу идејата на Европската и на Светската фудбалска федерација да воведе камери во соблекувалните на екипите.

Гвардиола прв го крена гласот против оваа луда идеја на УЕФА, а исто така Шпанецот бара и УЕФА и ФИФА повеќе да мислат на здравјето на фудбалерите, а не на парите, и да го намалат бројот на натпревари во една сезона. Тој сега доби поддршка од Италијанецот кој е противник на лудата идеја на УЕФА.

„За мене соблекувалната е свето место и нема смисол во неа да ставаат камери. Како да не се согласам со зборовите на Гвардиола. Тие се обидуваат да го подобрат квалитетот на „шоуто“, но ниту тренерите, ниту фудбалерите немаат право на глас. Сакат да вложат повеќе пари бидејќи така и нивната заработка ќе биде поголема. Тоа е проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести