Гвардиола е во очај – Стерлинг промаши невозможно, Дембеле и Корне пак му скроија капа на Манчестер сити (Видео)

Максвел Корне и Муса Дембеле се недопирливи за одбраната на Манчестер сити и повторно со голови го нокаутираа англискиот тим во Лигата на шампионите, овојпат во најважниот меч од трилогијата на двата тима во луксузното натпреварување.

Лион победи со 3:1 со два гола на Дембеле и еден на Корне, кои беа стрелци и на претходните четири гола за францускиот тим во дуелите со Сити во ЛШ во 2018 година.

Вечерва во Лисабон погодоците беа многу поважни, бидејќи го однесоа Лион во второто клупско полуфинале во ЛШ, а сега ќе играат со Баерн на 19. август на истиот стадион.

За Манчестер сити се кожеше да биде поинаку да не беше неверојатната утка на Рахим Стерлинг во 86. минута при резултат 2:1 за Лион.

https://twitter.com/ndombaldboy/status/1294738365175214081?s=20

Репрезентативецот го промаши невозможното, а казната во следниот напад ја испорача Дембеле со својот втор гол. Тој беше јунакот на мечот, а влезе во игра во 75. минута и само 240 секунди подоцна пак му ја врати предноста на Лион, откако Корне погоди во 24. минута, а Де Бројне израмни за Сити во 69. минута.

https://twitter.com/FrankH2H/status/1294735105156677632?s=20

Дембеле стави и печат на големото изненадување и на големата победа која го води во полуфиналето, а и обезбеди историска француско-германска пресметка во полуфиналето во ЛШ.

https://twitter.com/RainingGoals/status/1294737106422521856?s=20

На 18. август на „Луж“ ќе играат Лајпциг и ПСЖ, а ден подоцна Лион ќе игра со Баерн.

- Оглас -

Најнови вести