Манчестер сити нема дерман од Корне, им го даде и четвртиот гол во трилогијата со Лион (Видео)

Лион води со 1:0 против Манчестер сити, а стрелецот очекувано е Максвел Корне, човек што си поигрува со одбраната на популарните Граѓани и им го даде четвртиот гол на третиот меѓусебен меч.

Корне беше прецизен во 24. минута со што ја продолжи серијата против Сити, што ја почна со гол на „Етихад“ во септември 2018 година, кога Лион победи со 2:1, а продолжи со уште два гола два месеци подоцна во ремито 2:2.

Тие два меча беа во фаза по групи, а вечерва на „Жозе Алвеладе“ во Лисабон се игра најважниот меч меѓу двете екипи во досегашната триологија, а влогот е полуфинале во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/OnlyFootballCl1/status/1294716793068621826?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести