Гвардиола го доведе првото засилување за новата сезона

Англискиот шампион Манчестер сити го повлече првиот потег ова лето. На барање на Пеп Гвардиола, нов фудбалер на овој тим е Савио Мореира, познат и како Савињо.

Офанзивецот на Џирона, кој беше на позајмица од Троа, во новата сезона ќе биде играч на Манчестер сити. Не е познато колкава ќе биде отштетата бидејќи Манчестер сити, Џирона и Троа имаат иста сопственичка структура.

Савио веднаш ќе му се приклучи на тимот на Гвардиола на почетокот на претсезоната. Неговата вредност е проценета на околу 50 милиони евра, а минатата сезона во 37 натпревари постигна девет гола и асистираше десетпати во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести