Гвардиола го испофали Арсенал: Подобриот тим загуби во ова дерби

Арсенал и Манчестер сити ја отворија Премиер лигата во новата година, а на победата од 2:1 на крајот се радуваа гостите.

Тимот од Лондон со право може да биде лут на сидууте на оваа средба, бидејќи во неколку наврати имаше контроверзни судиски одлуки против нив, но, јасно е дека тоа нема да им ги врати загубените бодови.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола спортски призна дека Арсенал не заслужи да загуби.

„Арсенал беше подобриот тим денеска на теренот и не заслужија да загубат, но, тоа е фудбалот.

Некогаш ќе одиграш перфектно и на крај ќе загубиш, додека друг ден ќе имаш просечен меч и со само еден добар потег на крајот ќе се радуваш на победата.

Арсенал на почетокот на сезоната беше на самото дно, а сега се едни од најсериозните кандидати за во топ 4, а да имаа и повеќе среќа мислам дека ќе беа конкурентни за титулата“ изјави накратко Гвардиола.

Тимот од северен Лондон сега има 65 бода од 20 натпревари и се наоѓа на четврттото место на Премиерлигашката табела.

- Оглас -

Најнови вести