Гвардиола има една сигурна за утре: Манчестер сити ќе победи

Манчестер сити е пред многу тешка мисија во обидот да стигне до хет-трик во титули во Премиер лигата. Актуелниот шампион лошо го започна првенството, па по 14 одиграни кола, Граѓаните веќе заостануваат 11 бода зад лидерот Ливерпул.

Во последниот меч Сити киксираше на гостувањето кај Њукасл и одигра само 2:2. Сепак, тренерот Пеп Гвардиола вели дека тоа што бодовното засотанување е двоцифрено, не значи дека Граѓаните се откажале од трката за титулата.

„Не треба да се гледа табелата, туку тоа како реагираат играчите. Говорот на телото јасно кажува. Никогаш нема да се предадеме од трката за титулата. Подготвени сме за борба“, рече шпанскиот стратег.

Следниот меч во Премиер лигата Сити ќе го игра утревечер, на гости кај Барнли, тим кој игра солидно и со 18 бодови е на 10-тото место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести