Серхио Агуеро цели 10 години е дел од Манчестер сити. Аргентинецот стана легенда на клубот во чиј дрес има постигнато 256 погодоци во 379 натпревари и е најдобар голгетер во историјата на клубот. Поради честите повреди, Агуеро сезонава одигра само девет меча, во кои постигна два погодоци.
Актуелниот договор на Агуеро истекува на крајот од сезоната и речиси сигурно е дека тој ќе си замине од редовите на Граѓаните. Аргентинецот има 33 години и тешко дека ќе може да продолжи во препознатливиот ритам, па англискиот тим веќе е во потрага по негова замена.
Шпекулациите се дека тренерот Пеп Гвардиола веќе го пикирал Ромелу Лукаку од Интер. Белгискиот голгетер игра одлично во Интер, а добро му се познати и мечевите во Англија затоа што претходно има играно и за Челзи, Вест Бромич aлбион, Манчестер јунајтед и Евертон.