Гвардиола: Не би сакал против нив да се сретнеме во ЛШ, тоа би ме уништило

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, одговори на прашањето кој клуб би сакал да го избегне во Лигата на шампионите, во интервју за едно италијанско телевизиско шоу.

„Добро прашање, можеби Барселона. Се надевам дека нема да играме против нив. Ме уништува приврзаноста што ја чувствувам кон нив. Роден сум во мало гратче во близина на Барселона. Никогаш не е лесно да се игра против нив бидејќи сите знаат дека чувствувам љубов кон тој клуб“, изјави Гвардиола.

Гвардиола не сака да игра против каталонскиот клуб затоа што ја сака Барса за која играше од средината на осумдесеттите до 2001 година, а по завршувањето на играчката кариера во 2006 година, тој се посвети на тренерската работа, преземајќи го резервниот тим на Барселона, со кој раководеше една година. Статусот на еден од најдобрите тренери некогаш почна да се гради во 2008 година, кога го презеде првиот тим на Барселона.

Како стратег на Каталонците двапати беше прогласуван за најдобар тренер на светот, освои две ЛШ и уште 12 трофеи.
- Оглас -

Најнови вести