Гвардиола: Не смееме да играме вака ако сакаме да го поминеме Реал

Манчестер сити беше голем фаворит, но на крајот загуби од Арсенал во полуфиналето од ФА Купот, па Граѓаните останаа без посакуваниот трофеј. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола беше многу лут и незадоволен, а во еден момент, шпанскиот стратег беше фатен од камерата како „му објаснува на празното столче“, за тоа како треба да играат неговите фудбалери на теренот.

По завршување на дуелот, Гвардиола посочи дека ако неговиот тим продолжи во ова очајно темпо, тогаш може да биде елиминиран и во осминафиналето до Лигата на шампиони од Реал Мадрид, Сити по првиот меч има водство од 2:1 и реваншот го игра на свој терен, но алармот е вклучен.

„Не можам ништо да им каѓам на фудбалерите, едноставно знаат дека ова не беше добро. Знаеме на кој стандард треба да бидеме во ова натпреварување, посебно кога е завршната фаза. Можеби од овој пораз ќе научиме нешто, а можеби и нема. Ќе видиме како ќе биде. Не треба да се биде гениј за да се сфати дека мора да играме многу подобро ако сакаме да го елиминираме Реал Мадрид во ЛШ. Не ми е жал кога ќе изгубиме, жал ми е кога нема да одиграме како што треба“, рече разочараниот Гвардиола.

 

- Оглас -

Најнови вести