Гвардиола нема милост, ги исфрли двајцата журкаџии што вредат 200 милиони евра

Пеп Гвардиола не криеше од новинарите дека Фил Фоден и Џек Грилиш, двете млади ѕвезди на Манчестер сити, не играле против Њукасл поради казна.

„Не, не ротирав, туку играа тие што заслужија. Има и играчи што не заслужија да настапат и не беа со нас“, изјави Гвардиола по мечот со Њукасл.

Двајцата фудбалери што заедно вредат околу 200 милиони евра биле на журка без дозвола од клубот по победата против Лидс од 7:0.

Англиските медиуми објавија дека Фоден, кој е проценет на 80 милиони евра, и Грилиш, за кого Сити ѝ плати на Атсон вила 117 милиони евра, биле во алкохолизирана состојба, па утрото мамурни се појавиле и на тренинг.

Сити и без Фоден и Грилиш лесно го нокаутира Њукасл со 4:0, а не се знае до кога ќе трае казната за двајцата одлични играчи и репрезентативци на Англија.

Сега почнува декемвриското лудило со многу предновогодишни и новогодишни натпревари во Премиер лигата, па веројатно Фоден и Грилиш брзо ќе бидат помилувани.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести