Гвардиола: Нема што да жалиме, пак сме први на табелата

Челзи и Манчестер сити одиграа меч за паметење на „Стемфорд бриџ“, а на крајот средбата заврши 4:4. Повеќе пресврти имаше на дуелот. Сити поведе со 1:0, а потоа Челзи имаше водство од 2:1. Подоцна повторно Сити стигна до 3:2, а потоа имаше и водство од 4:3, но гостите примија погодок во 90+6 минута и на крајот дуелот заврши без победник и двата тима освоија по еден бод.

По завршувањето на мечот, тренерот на гостите, Пеп Гвардиола, беше задоволен, иако неговата екипа во три ситуации имаше предност.

„Овој натпревар е добра реклама за Премиер лигата. Многу квалитетни играчи одиграа одличен меч. На крајот ние сме задоволни од сето тоа што се случуваше. Нема за што да жалиме. Се обидовме да победиме, но направивме некои грешки. Тоа што е најважно е дека и на паузата за репрезентативни дуели одиме како лидери на табелата. Не очекував да биде така посебно кога го загубивме дуелот со Арсенал. Пред нас ќе има уште многу тешки натпревари“, рече Гвардиола по „лудница дуелот“ кој заврши 4:4.

Гвардиола во кариерата бил тренер на 882 натпревари, а ова е првпат да биде сведок на дуел на којшто двата тима ќе постигнат по четири погодоци. По 12 кола, Манчестер сити е лидер на табелата со 28 бода, а потоа следуваат Ливерпул и Арсенал со по 27 бода, Тотенхем има 26, а Астон вила е со 25 бода.

- Оглас -

Најнови вести