Гвардиола објасни зошто Сити прими два гола во финишот и загуби од Реал Мадрид

Англискиот првак Манчестер сити на свој терен загуби од Реал Мадрид со 2:3, иако до 85-тата минута Граѓаните имаа водство од 2:1. Во финишот на дуелот, Сити прими два гола и загуби, а тренерот на англискиот тим, Пеп Гвардиола, објасни дека ова што му се случува на неговиот тим веќе станува како пракса сезонава.

„Многупати ова ни се случува сезонава. Знам со каков квалитет располага Реал Мадрид. Во второто полувреме ја контролиравме играта, но премногу брзоплето се обидувавме да нападнеме. Ова се случи затоа што Реал Мадрид е одличен тим. Ја преземам одговорноста за поразот, но не е само до мене. До сите е“, рече Гвардиола, а потоа шпанскиот стратег се пожали дека има проблеми околу составување на тимот, но и тоа дека нема да се предаде во реваншот.

„Цела сезона имаме повредени играчи и тоа сите го знаат. Јасно е дека сега ќе биде многу потешко. Мора да закрепнеме по овој пораз. Сега ќе размислуваме за дуелот против Њукасл, а потоа ќе мислиме на реваншот на Бернабеу“, рече Гвардиола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести