Гвардиола откри кој е најголемиот талент што го има тренирано

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е изненаден од талентот што го поседува 19-годишниот играч на Граѓаните, Фил Фоден. Тинејџерот може да се пофали дека веќе има две шампионски титули во Премиер лигата, а е ѕвезда и во составот на Англија за играчи до 21 година.

„Фил Фоден е најталентираниот фудбалер што го имам тренирано. Проблемот е што понекогаш менаџерот не му дава често шанса да биде меѓу стартерите. Тој заслужува цело време да биде на теренот, но со такви фудбалери што ги има како конкуренција во тимот, не е лесно да се биде дел од првиот тим. Фил работи одлично и знае дека може смета на мојата помош“, рече Гвардиола, за време на пресконференцијата во Јапонија на која присуствуваше и самиот Фоден.

Англискиот првак утре ќе игра контролен меч со јапонскиот Јокохама и тоа е последна контрола за нив пред стартот на новата сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести